ЛОНДОН

Меј: На 2-ри јануари вонредна седница за Брегзит

24.12.2018 13:37

Според весникот, непланираната седница има за цел да формирање план за дејствување во пресрет на дводневните дебати во британскиот Парламент за предлог- договорот со ЕУ закажани за 9-ти јануари.

„Фајненшл тајмс“ соопшти дека британската премиерка Тереза Меј го прекинала Божиќниот одмор на членовите на нејзината влада најавувајќи вонредна седница на 2-ри јануари во врска со сѐ почестите најави за „тврд Брегзит“, односно напуштање на Унијата без договор.

Според весникот, непланираната седница има за цел да формирање план за дејствување во пресрет на дводневните дебати во британскиот Парламент за предлог- договорот со ЕУ закажани за 9-ти јануари.

Пратениците првично требаше да се произнесат по прашањето на 11-ти декември, но Меј го одложи гласањето за јануари.