Работнички се врати на лидерското место
Скопската екипа е место погоре само поради подобрата кош разлика од Блокотехна, иако гевгеличани победија во меѓусебниот дуел, но скорот меѓу две екипи се брои на крајот на првенството кога се решава конечниот поредок.

Иако имаше проблеми во играта против Гостивар, сепак со огромното искуство што го поседува, актуелниот кошаркарски шампион победи со 89:78 и се врати на чело на табелата во Првата лига.
Скопската екипа е место погоре само поради подобрата кош разлика од Блокотехна, иако гевгеличани победија во меѓусебниот дуел, но скорот меѓу две екипи се брои на крајот на првенството кога се решава конечниот поредок.
Гевгеличани беа слободни во последното коло од полусезоната, во кое што Куманово славеше над Шкупи со 120:90, Кожув против Вардар со 91:82, АВ Охрид загуби од Пелистер 69:77 и МЗТ Скопје во Аеродром го победи Фени Индустри со 97:90.
На табелата, Работнички и Блокотехна имаат по 9/1, пред МЗТ Скопје со 8/2. Следуваат Гостивар и Фени со по 6/4, Куманово и Кожув имаат по 5/5. АВ Охрид има 3/7, Вардар и Пелистер по 2/8, а Шкупи нема победа по 10 кола.
Фото: mkf.mk
