СК во алпско скијање, Квитфјел, супервелеслалом (мажи)

Јансруд најбрз, Свиндал со малиот глобус

02.03.2014 20:05

Откако кариерата конечно му се отвори со олимпиското злато во супервелеслалом во Сочи, Норвежанецот Кјетил Јансруд ја продолжи победничката жетва и во Светскиот Куп во алпско скијање. На домашен снег во Квитфјел, тој завчера славеше во првиот спуст викендов, а денеска триумфираше и во претпоследниот суперџи во годинашнава сезона.

По силни снежни врнежи на олимписките патеки од пред две децении, Јансруд беше за 26 стотинки побрз од Швајцарецот Патрик Кинг. Третото место му припадна на Австриецот Матијас Мајер, кој заостана 33 стотинки.

За 11 стоти делови од секундата пиедесталот му побегна на минатогодишниот супервелеслаломски победник во Квитфјел, главниот домашен адут Аксел-Лунд Свиндал, кој се пласираше на четвртото место. Тоа му беше доволно да ја обезбеди титулата и во втората брзинска дисциплина, но му требаше поголем бододен збир викендов, за повеќе да се оддалечи од ривалот во борбата за големиот кристален глобус во Светскиот Куп, Австриецот Марсел Хиршер.

Пред двата завршни викенда сезонава коишто носат натпреварувања во словенечка Крањска Гора и во швајцарски Ленцерхајде, Свиндал води во генералниот пласман со 1032 бода, пред Хиршер со 955. Далеку назад е Французинот Алексис Пантуро со 774 бода.