САД

Трамп: Шенехен е привремен министер за одбрана

24.12.2018 14:53

Привремен министер за одбрана на САД ќе биде Патрик Шенехен, помошник на Џејмс Матис кој поднесе оставка поради несогласувања со американскиот претседател Доналд Трамп околу надворешната политика.

Од 1-ви јануари, привремен министер за одбрана на САД ќе биде Патрик Шенехен, помошник на Џејмс Матис кој поднесе оставка поради несогласувања со американскиот претседател Доналд Трамп околу надворешната политика.

Администрацијата во Вашингтон се соочува со уште еден предизвик по неуспешниот обид за компромис меѓу Конгресот и Белата куќа за буџетот и финансирањето на граничниот ѕид со Мексико.

Неколку илјади вработени во владата ќе бидат на принуден и неплатен одмор.