Метео: Променливо облачно и студено време

24.12.2018 15:03

Ќе дува повремено засилен северозападен ветер што ќе предизвика пад на температурата на воздухот во однос на денешната.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и студено време. Претпладне се очекуваат слаби врнежи од снег.

Ќе дува повремено засилен северозападен ветер што ќе предизвика пад на температурата на воздухот во однос на денешната.

Максималната дневна ќе достигне до 6 степени. Скопје утре со дневна температура од 2 степена.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска