Поднесени 38 барања за амнестија до Кривичниот суд
24.12.2018 15:13
По истекот на рокот, судот и обвинителството ќе имаат пет дена за да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.

До утре, обвинетите за собраниските настани од 27-ми април лани, можат да поднесуваат барања за амнестија до скопскиот Кривичен суд. Оттаму информираат дека досега се поднесени 38 барања. По истекот на рокот, судот и обвинителството ќе имаат пет дена за да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.
Согласно со законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, носеле оружје, како и оние кои ги пречекориле службените овластувања.
Законот за амнестија во четвртокот беше објавен во службен весник, откако указот го потпиша претседателот иванов.
