ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Спасовски
По Димитров, ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација и за министерот Спасовски. Партијата го обвинува првиот човек на МВР за несовесно и нестручно работење, селективно и по насока на врвот на неговата партија. За власта, барањето е неосновано...

По Димитров, интерпелација и за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Ја поднесе опозициската Вмро-Дпмне. Сметаат дека првиот човек на МВР работата ја извршува крајно несовесно, нестручно, селективно и по насока на врвот на неговата политичка партија, а спротивно на Уставот и законите во државата.
Евробарометарот посочува дека 61 процент од граѓаните немаат доверба во полицијата, изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Мицкоски покажува дека е недостоен за граѓаните и за Македонија, преку неосновани барања за интерпелација. Времето кога полицијата беше злоупотребувана во партиски цели, кога цветаше криминалот, кога се криеја убиства, а МВР беше претворена во МВРО-ВМРО, заврши- велат од СДСМ.
И додека Социјал- демократите се убедени дека за уставните измени ќе се зголеми мнозинството, а ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во расправата, БЕСА на Касами најавува амандмани на амандманите во кои ќе се потенцира албанскиот јазик и националноста.
Заедничко за партиите и независната група е што сите се оградуваат од идејата со која се бара вработување по завршување на мандатот.
Миле Ристески
