Се реализира „Едно општество за сите“
Владата уверува- работиме на целосно остварување на концептот „Едно општество за сите“. Ова, според надлежните, значи крај на поделбите, нетрпеливоста и нетолеранцијата. Се подготвува национана стратегија...
Максимална толеранција и почитување меѓу различните заедници, наместо нетрпеливост и омраза, за ова се залага Владата, рече премиерот Заев при претставување на владините активности во однос на концептот- едно општество за сите.
Владата ќе им стави крај на сите поделби на наши и ваши и ќе се избори тие никогаш да не се повторат. Никогаш повеќе да нема тепачки меѓу припадниците на различни заедници во автобуси, игралишта, на улиците, додаде Заев.
Ресорното министерство го препознава насилството од омраза како казниво дело и предлага до Собранието одредби кои ќе се однесуваат на злосторствата од омраза, посочи министерката Дескоска.
Националната стратегија за развој на концептот Едно општество и интеркултурализам, се остварува преку форма на кластерите: правна рамка, образование, култура, медиуми, локлана самоуправа, млади и кластер општествена кохезија и интеграција.
Фиљана Кока
