Анкара

Ердоган му ветил на Трамп уништување на ИД во Сирија

24.12.2018 16:02

Претходно Турција испрати воено засилување на север од Сирија во близина на зона под контрола на курдите.

Турскиот претседател Ердоган во телефонски разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп му ветил дека „ќе ги уништи силите на Исламската држава“ во Сирија.

Претходно Турција испрати воено засилување на север од Сирија во близина на зона под контрола на курдите.

Официјална Анкара неодамна се закани со офанзива против овие борци кои, за кои тврди дека се поврзани со терористичката работничка партија на Курдистан.

Операцијата беше одложена поради одлуката на САД да ги повлечат своите трупи од сириска територија.