Фишбахер ја спречи радоста на Фенингер
Австријката Андреа Фишбахер изненадувачки триумфираше на спустот во швајцарска Кран Монтана, забележувајќи ја првата победа воопшто по освојувањето на олимпиското злато во супервелеслалом во Ванкувер 2010.
Фишбахер не и дозволи на сонародничката Ана Фенингер да му се израдува на дебитантскиот успех во кариерата во најбрзата дисциплина. Само 15 стотинки заостана Фенингер, со што загуби драгоцени 20 бода во трката со Германката Марија Хефл-Риш за малиот кристален глобус во спуст, но и во борбата за севкупен триумф во Светскиот Куп.

Словенката Тина Мазе заврши трета со 47 стотинки послаб резултат од Фишбахер и спречи австриска окупација на пиедесталот, бидејќи четврта беше Елизабет Гергл.
По спустој којшто поради лошите временски услови беше презакажан од вчера, зад денеска деветтопласираната Фенингер заостанува 80 бода во пласманот во најбрзата дисциплина (односот е 504/424), додека има 157 бода помалку како второпласирана во генералниот поредок. Таа досега собра 951 бод, а Германката има вкупно 1108 бода.