Финансии

Јавниот долг под контрола, задолжувањата со намалено темпо

24.12.2018 16:22

Во 2018-та јавниот долг ставен под контрола, изнесува 48,2 насто. Јавните финансии се реформирани, зголемена е довербата на инвеститорите. Министерот за финансии со отчет за сработеното. Тевдовски очекува македонската економија да ја заврши годината со раст од 2,8 насто...

Јавниот долг е ставен под контрола, се спроведува постепена фискална консолидација, системот на јавни финансии е подобрен со десетина клучни реформи- оценува министерот за финансии. В година ќе се намали темпото на задолжување на домашниот пазар на две аукции месечно, ќе се позајмува и на домашниот пазар и во странство за да се сервисира буџетскиот дефицит од над 17 милијарди денари- 2,5 проценти од бруто домашниот пазар- вели Тевдовски.

Проектираниот раст на македонската економија од 2,8 насто годинава е остварлив, годинава ја одбележале зголемувањето на платите и индустриското производство, намалувањето на невработеноста, се враќа довербата кај инвеститорите- тврдат од финансии.

Следната година, ќе се работи на пораст на безготовинското плаќање, со законските корекции од јуни, кеш ќе може да се подмири само до 500 евра. Министерот вели- и институциите се обучуваат да обезбедат вакви услови, а на овој начин државата ќе има поголема контрола.

Според Тевдовски, со даночната реформа ќе се обезбеди фер даночен систем, со пензиската ќе се стабилизта ПИОМ и ќе се намали дефицитот, а реформите на социјалниот систем ќе овозможат гарантиран минимален доход.

 

Сузана Фиданска- Стоевска