Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик
Во католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје се одржа Божикна полноќна света литургија, на која присуствуваше државниот врв на Република Македонија, и претставници на дипломатскиот кор, политичките партии, и верските заедници.

Католичките верници и дел од Православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар, го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Во католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје се одржа Божикна полноќна света литургија, на која присуствуваше државниот врв на Република Македонија, и претставници на дипломатскиот кор, политичките партии, и верските заедници.
Бискупот Киро Стојанов, на присутните, им го честиташе празникот со порака да празнуваат со едноставност, а не со богатство.
„Најголемиот божикен дар што ни го обзнани светиот отец Папа Франциск е дека на 7-ми мај следната година ни доаѓа во пасторална посета на нашата татковина. Молејќи пред новородениот цар, посакувам оваа посета да ни донесе неизмерен мир и благослов. Среќен Божик. Мир Божји, Христос се роди“, рече Бискупот скопски и Епарх струмичко- скопски, Киро Стојанов.
Божик слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската Православна црква, кои го прифатија Грегоријанскиот календар.
Православниот свет, кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската Православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7-ми јануари.
