Истекува рокот за поднесување барања за амнестија за 27-ми април
25.12.2018 10:16
По истекот на рокот, судот и обвинителството ќе имаат пет дена за да решат кој ќе биде помилуван, а кој не...

Обвинетите за собраниските настани од 27-ми април уште денеска имаат право да поднесуваат барања за амнестија до скопскиот Кривичен суд. Оттаму информираат дека досега биле поднесени 38 барања.
По истекот на рокот, судот и обвинителството ќе имаат пет дена за да решат кој ќе биде помилуван, а кој не.
Согласно со законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, носеле оружје, како и оние кои ги пречекориле службените овластувања.
