Авганистан

Најмалку 43 жртви во нападот во Кабул

25.12.2018 10:41

Авганистанската влада индиректно ги обвини талибанците за нападот, додека ниту една група официјално не презела одговорност.

Најмалку 43 лица загинаа, а 25-мина биле повредени во напад врз административни згради во Кабул. Тројца напаѓачи се убиени во операција на авганистанските безбедносни сили, при што биле ослободени 357 луѓе, кои екстремистите ги држеле како заложници.

Авганистанската влада индиректно ги обвини талибанците за нападот, додека ниту една група официјално не презела одговорност.

Нападот траел осум часа, а почнал со експлозија на автомобил, по што напаѓачите отвориле оган. Тоа бил 22 напад во Кабул од почетокот на годината, при што загинале над 510 луѓе, а повредени повеќе од илјада.