Вашингтон

Ердоган го поканил Трамп да ја посети Турција

25.12.2018 10:54

Тој истакна дека ништо конкретно не било планирано, но дека претседателот е отворен кон идејата за евентуална средба со Ердоган во иднина.

Турскиот претседател Ердоган го поканил американскиот колега Доналд Трамп да ја посети Турција во 2019 година, изјави портпаролот на Белата куќа.

Тој истакна дека ништо конкретно не било планирано, но дека претседателот е отворен кон идејата за евентуална средба со Ердоган во иднина.

Портпаролот на Ердоган, пак, соопшти дека американскиот претседател изјавил желба да ја посети Турција наредната година, но дека датумот сѐ уште не е утврден.