Истекува рокот за барање за субвенции за ориз, оризова арпа, градинарски и овошни култури и органско производство
Земјоделските стопанства што имаат засеани и ожнеани површини со ориз, и оствареното производство на оризова арпа, да не надминува над 5,5 тони по хектар, родот да го предадат на регистрирани откупувачи до 25-ти декември годинава, ќе добијат субвенција по пет денари по килограм.

Истекува рокот за аплицирање за добивање финансиска поддршка на производителите на ориз и оризова арпа, за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, како и за производителите на органски земјоделски производи, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Земјоделските стопанства што имаат засеани и ожнеани површини со ориз, и оствареното производство на оризова арпа, да не надминува над 5,5 тони по хектар, родот да го предадат на регистрирани откупувачи до 25-ти декември годинава, ќе добијат субвенција по пет денари по килограм.
Исто така, финансиска поддршка од три денари за килограм ќе можат да добијат и сите земјоделци кои произвеле и предале градинарски или овошни култури од овогодишната реколта во преработувачките капацитети.
