Вашингтон
Трамп: Саудиска Арабија прифати да ја обнови Сирија
25.12.2018 11:20
Трамп соопшти дека Саудиска Арабија прифатила наместо САД да понуди финансиски средства за обновување на Сирија, која е уништена од војната...

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Саудиска Арабија прифатила наместо САД да понуди финансиски средства за обновување на Сирија, која е уништена од војната.
Трамп му се заблагодари на Ријад, додавајќи дека наместо САД кои се оддалечени 5.000 милји, убаво е помошта да дојде од богатите соседи.
