МКФ ги додели признанијата на најдобрите во 2018
Најдобри тренери се Марин Докузовски во машка сениорска и Срѓан Дамњановски во женска конкуренција. Признанието за најдобра млада кошаркарка замина во рацете на Илина Селцова, а наградата за најдобар млад кошаркар замина во рацете на Виктор Ефремовски.

Лауреати на годината се Војдан Стојаносвки и Бојан Трајковски во машка, односно Анџелика Митрашиновиќ во женска конкуренција. Најдобри тренери се Марин Докузовски во машка сениорска и Срѓан Дамњановски во женска конкуренција.
Признанието за најдобра млада кошаркарка замина во рацете на Илина Селцова, а наградата за најдобар млад кошаркар замина во рацете на Виктор Ефремовски.
Екипата на Работнички освои две признанија, за најдобар тим во сениорска и во младинска конкуренција. За најдобра сениорска екипа кај дамите, беше прогласена екипата на Бадел 1862, додека во младинските категории признанието го доби Струга 2009.
Најдобар тренер на младински тим во женска категорија трета година во низа е Анета Глигорова, а Александар Јованчев го освои признанието во машката.
Националниот тим до 16 години доби признание за најуспешна репрезентација откако на Европското првенство, дивизија Б, изминатото лето го освои третото место и ја однесе Македонија во кадетска А дивизија.
Игор Митровски својата 24 сезона ќе ја запамети по уште едно признание за најдобар кошаркарски судија.
Фото: mkf.mk
