Честитка од претседателот Иванов до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар

25.12.2018 11:36

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар...

Рождеството Христово- Божик како еден од најсветлите и највозвишените денови во Христијанството го симболизира новиот живот, кој значи нов почеток и нова надеж, се наведува во честитката за Божик од претседателот Иванов.

„На овој важен ден имаме можност да се потсетиме на основните човечки вредности, да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме во хармонија и да шириме радост, љубов и добрина. Да направиме сѐ и на овие празници да нѐ зближат различностите, а вредностите кои не обединуваат да бидат силата со која се движиме и работиме. Во духот на долговековната традиција, посакувам празничните денови да ги минете во пријатна атмосфера, во кругот на најблиските, исполнети со љубов и топлина. Нека ве следи добра мисла, божикен и човекољубив дух“- стои во честитката од шефот на државата до верниците кои го слават Божик според Грегоријанскиот календар.