Заев: Да ги дочекаме идните денови со ведрина и верба дека секој нареден ден ќе биде подобар

25.12.2018 11:41

Убавината и топлината на пораката за Божик – Христос се роди, нека ги исполни уште еднаш со радост и топлина срцата на сите верници од Католичката црква и православните Христијани кои денеска го слават големиот празник – Христовото раѓање, вели премиерот Зоран Заев во честитката по повод празникот Христово раѓање – Божик.

Со благословот на овој голем христијански празник да ги дочекаме идните денови во нашите домови и заедници исполнети со вредрина и верба дека секој нареден ден ќе биде подобар, порачува премиерот Заев во честитката по повод католичкиот Божик.

„Домовите на сите нека се исполнат со духот на Божик, со мир во душите, со радоста на живеењето и нека нѐ поттикне таа радост со љубов да ја споделиме со најблиските, со пријателите и со секој добронамерник. Радоста за време на празникот на Христовото раѓање нека ги поврзе сите граѓани на нашата земја и нашите сограѓани во светот“, истакнува Заев во честитката до верниците кои го прославуваат католичкиот Божик.