Мицкоски упати честитка до верниците од католичка вероисповед по повод Божик
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски упати честитка по повод католичкиот Божик до скопскиот бискуп и аспостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов и до верниците од католичка вероисповед.
Дозволете ми на сите верници од Католичка вероисповед, во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ , да ви упатам искрена честитка по повод празнувањето на еден од најголемите христијански празници, Христовото раѓање- Божик, се наведува во честитката од лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
„Почитувањето на традиционалните вредности, толеранцијата на различностите е нашиот заеднички идеал, кон кој сите ние се стремите. Се наоѓаме во период преполн со предизвици за државата и сериозни препреки во нашето општество. Повеќе од кога било во минатото, денес потребно е обединување, да ставиме крај на проблемите кои со децении се провлекуваат во нашата земја, поделбите и омразата, да го вратиме достоинството и мирот во секој од нас, да работиме и да создаваме за нашата заедничка татковина. Ваквите празнични моменти носат светлост во секој дом, но и служат како потсетување дека Божикната радост треба да биде споделена, со ближните, пријателите и соседите. Овие празнични моменти носат порака за мир и разбирање помеѓу луѓето“, се наведува во честитката за католичкиот Божик од ВМРО-ДПМНЕ.
