Министерство за животна средина: 95% од буџетот на ресорот е реализиран

25.12.2018 13:23

Новина во буџетот беше финансирањето на набавка на 350 филтри поделени на градинките и на болниците низ земјава. За програмата за инвестирање во управувањето со води се потрошени 72 милиона денари, додека во програмата за фосилни горива биле насочени 130 милиони денари.

Министерството за животна средина и просторно планирање на брифинг со медиумите ги претстави активностите кои што биле реализирани годинава, но и идните планови. Како што информираше министерот Дураки, 95% од буџетот на ресорот е реализиран.

Новина во буџетот беше финансирањето на набавка на 350 филтри поделени на градинките и на болниците низ земјава. За програмата за инвестирање во управувањето со води се потрошени 72 милиона денари, додека во програмата за фосилни горива биле насочени 130 милиони денари.

Се планира изградба на три регионални депонии, но сѐ уште има отпор кај дел од градоначалниците на општините каде што треба да бидат лоцирани, проект што се работи со помош на Владата на Швајцарија.