Константин Георгиевски избран за вршител на должноста градоначалник на Охрид
Со 15 гласа „за“, во наредните неколку месеци, сѐ до одржување на предвремени локални избори, градоначалничката функција ќе ја обавува кординаторот на советничката група на СДСМ, Константин Георгиески.

Советот на општина Охрид одржа вонредна седница на која беше избран вршителот на должност градоначалник. Со 15 гласа „за“, во наредните неколку месеци, сѐ до одржување на предвремени локални избори, градоначалничката функција ќе ја обавува кординаторот на советничката група на СДСМ, Константин Георгиески.
Тој ќе го замени ненадејно починатиот градоначалник Јован Стојаноски, а се обврза дека продолжи да ги реализира започнатите проекти.
Нема да има никаков застој во тие проекти, јас и тимот на градоначалникот ќе се вложиме максимално во продолжување на тие проекти и во остварување на плановите кои што ги имавеме со градоначалникот, изјави Георгиески.
