Амнестија: Рокот за пријавување истекува на полноќ
До крајот на денот обвинетите за настаните од 27-ми април имаат можност да поднесуваат барања за амнестија. Досега 58 обвинети и осудени се изјасниле, а едено лице одбило амнестија. По истекот на рокот, судот и обвинителството имаат пет дена за да решат кој ќе биде помилуван, а кој не...

27- мина обвинети за настаните од 27- ми април доставиле барање за амнестија до Кривичниот суд. Обвинетиот Јане Ченто се изјаснил дека нема да бара амнестија, информираше претседателот на скопска единица, Џолев.
И други 30 лица од одделот на кривично полнолетни поднеле барање за амнестија. Меѓу нив се и осудените за обид за убиство на пратеникот Села, и за физички напад на Шекеринска, како и за учество во толпа. Рокот истекува на полноќ, такашто се очекува бројката на баратели на амнестија да се зголеми, вели Џолев.
Судот ќе треба да постапи пет дена по приемот на барањата, но се проблематизира кој совет ќе одлучува, дали судечкиот или кривичен совет. Според практиката, кога се работи за случаи за кои нема мериторна одлука, треба да постапи судијата во постапката, во случајов Кацарска, вели претседателот на Киривичен. Но, последниот збор според функционалната надлежност ќе го има тој лично.
Судот мора да постапи според законот во кој се опишани дејствијата што нема да бидат опфатени со амнестијата, но пред сѐ ќе мора да почека одлуката на обвинителството, посочува првиот човек на Кривичниот суд. Судечкиот совет сам ќе реши со која динамика ќе ги препраќа барањата до обвинителството, за кое, пак не се предвидени рокови во кои треба да постапи.
Според досегашната оскудна практика, како што рече, судот може да ја запре постапката како во случајот на мавровските работници, или да донесе одбивателна пресуда. Последниот збор ќе треба да го даде во рок од три дена Апелацискиот суд, појасни Џолев.
Законот за амнестија беше донесен со 95 гласа во Собранието.
Фиљана Кока
