Собрание на РМ

На почетокот на февруари, Џафери ќе ги распише претседателските избори

25.12.2018 14:32

На почетокот на февруари претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе ги распише претседателските избори. На 9-ти јануари, пак, пратениците ќе расправаат за уставните амандмани. За секој може да се дебатира по три дена. Спикерот најавува дека по завршувањето на постапката за уставни измени, со неговиот потпис до Службен весник ќе ги достави Спогодбата со Грција и Законот за употреба на јазиците...

Во почетокот на февруари претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе ги распише претседателските избори. Според Уставот, изборот за шеф на државата се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Според Џафери, прогласувањето на изборите се очекува да биде 2-ри или 3-ти февруари. Собранискиот спикер ги коментираше и размислувањата, дали претседател на државата би се избирал во Собранието.

Собраниската седница за уставните амандмани е закажана на 9-ти јануари. За секој од нив може да се дебатира по три дена. Спикерот Џафери најавува дека по завршувањето на постапката за уставни измени со неговиот потпис до Службен весник ќе ги достави Законот за ратификација на спогодбата со Грција и Законот за употреба на јазиците. Вели, нема потреба да се договара со шефот на државата Иванов.

Во однос на предлог- законот за пратеници, Џафери без конкретен став. Вели- ќе коментира откако ќе го добие предлогот. До крајот на годината пред пратениците-седницата за реформските закони, за пратенички прашања и годишното обраќањето на претседателот Иванов.

 

Наташа Гркова- Петрушевска