Царинската управа со 11% повисоки приходи од лани
Царинската управа остварила над 85 милијарди денари приходи по основ на наплата, што е за 11 проценти повеќе од лани. Од идната година стартува новиот царински интегриран софтвер што треба да го забрза и олесни царинењето на граничните премини. Оттаму информираат дека пред неколку дена е запленет накит во вредност од 450 илјади евра...

Лицето со кое поранешниoт премиер, Никола Груевски разговара во ресторан во Будимпешта, што беше прикажано на видео од унгарски медиум, е вработено во Секторот за контрола и истраги на Царинската управа, потврдија од институцијата. И двајцата вработени во Царината кои беа со Груевски во Будимпешта почнале да доаѓаат на работа, откако едниот пријавил боледување, а вториот одмор.
Танасоски информираше дека Царинската управа годинава остварила над 85 милијарди денари приходи по основ на наплата, што е за 11 проценти повеќе од лани.
Новиот интегриран софтвер што треба да го забрза и олесни царинењето ќе се применува од втората половина на 2019-та година.
Дијана Ценевска
