Ракомет

Штета, или среќа...?!

02.03.2014 21:40

Убав почеток, па пад кој траеше, ама баш траеше, па и до 7 плус за данските шампионки Митјиланд, за конечниот епилог води кон помислата да ни е криво, или добро е и вака. Митјиланд-Вардар СЦБТ 25:24.

Чуден тек имаа 60-те минути во Икаст. Прв дел со почетни вардарови 2:0 за потоа пресврт до 6 во негатива за девојките на Кастратовиќ, за првиот дел да гласи, 15:9.

Стартот на вториот додава уште плус еден, за 7 негатива за мак шампионките. Конечно, последните 20-тина минути вардарки се вратија во натпреварот првенствено благодарение на фантастичната Лејно на голот. И, таман кога ќе се доближат резултатски на два разлика, тука се запира. Се имаше шанса и тоа реална за реми, па нема да се претера во сета ситуација и победа.Техничките грешки не доведат до пораз кој пак носи до трезвена размисла за постапките на терен и моментите падни-стани.

Турингер пак порано во денов си прокнижи значајна победа над Савехоф 32:26. Така сега, германските првенки го преземаат врвот во групата 1 од вардарки и тоа во очи на меѓусебната пресметка следната сабота на германски паркет.

8 март го носи и дуелот од Шведска каде Савехоф го дочекува Митјиланд, ден кој или ќе разјасни или уште толку се ќе замрси до последно во оваа група.   

ГРУПА 1

  1. ТУРИНГЕР                6
  2. ВАРДАР СЦБТ         5
  3. МИТЈИЛАНД           4
  4. САФЕХОФ               1