Разговори во владата

Синдикатот на вработените во здравството со сигурни гаранции за поголеми плати

25.12.2018 15:27

По двочасовни разговори во Владата, Синдикатот на вработените во здравството добиле уверување дека ако продолжи растот на економијата со ова темпо, можно е зголемување на платите на персоналот по првите 4 месеци идната година. Разговорите на Синдикатот ќе продолжат со ресорниот министер...

Синдикалците во здравството задоволни од средбата во Владата со премиерот Заев и ресорниот министер Филипче. По двочасовни разговори се согласиле можно е зголемување на платите на вработените по првиот квартал идната година, ако економијата продолжи да се подобрува.

Синдикалните барања се за 10- процентно зголемување на лекарите и 5 насто за медицинскиот персонал. Со ова ќе се спречи заминување на медицинскиот кадар од земјава. Синдикатот посочил свои начини како до заедничко прифатливо решение.

Разговорите продолжуваат со министерот за здравство. Решението, сепак ќе мора да биде во состав на веќе усвоениот буџет за идната година.

 

Ирина Гелевска