Истече рокот за барање амнестија, 62 лица чекаат одлука
26.12.2018 10:46
Ретки се тие што не бараат амнестија за 27-ми април. До Кривичен пристигнале 62 барања за помилување. Судот во рок од пет дена треба да одговори по претходно мислење од надлежниот обвинител за случајот...

До Кривичениот суд пристигнале 62 барања за амнестија за собраниските настани. 27 се во Одделението за организиран криминал и корупција и 35 во одделот Кривично полнолетни.
Од скопска единица информираат дека ќе бидат земени во предвид и барањата кои во законски утврдениот рок ќе бидат дополнително доставени до судот по пошта.
Тече рокот од пет дена во кој судот и обвинителството треба да решат кој ќе биде амнестиран, а кој не.
