Апелација ја укина 9-годишната затворска казна на Поповски за случајот „Триста“

26.12.2018 10:56

Се укинува и обврската Поповски да ја надомести штетата од 28 милиони денари. Пресудата на 22-ри мај му ја изрече судијката Добрила Кацарска.

Апелација ја укина пресудата од 9 години затвор за поранешниот помошник- министер во МВР, Ѓоко Поповски, за незаконска набавка на 300 возила за полицијата во предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство.

Се укинува и обврската Поповски да ја надомести штетата од 28 милиони денари. Пресудата на 22-ри мај му ја изрече судијката Добрила Кацарска.

Процесот повторно се враќа во скопскиот Кривичен суд.