Прилеп живее карневалски

02.03.2014 21:47

На прочка Прилеп живее карневалски. Стотина маски со преку 1 500 учесници беа дел од централното карневаско дефиле. Традиционални, современи, маските или преправените ги демонстрираа креативноста, шегата, мајтапот.

- Оваа маска го претставува тутунскиот бизнис на фамилијата Голомадевци, како тутунот се произведувал во старо време, велат маскираните тутунари.

- Ова е маската роденден, посветена на илјадитиот роденден на нашиот град. Среќен роденден Прилеп, велат маскираните од ОУ „Гоце Делчев“.

14 години меѓународен, од дамнина традиционален.

Ако некогаш касапите и мечкарите со страшните маски сурати ја почнале традицијата, денеска прилепскиот карневал „прочка е спој на таа традиција со современото. Прилеп пулсира со Карневалот.

Мечкарите горди основачи на карневалот

- Ние касапите со оваа традиција го истеруваме ѓаволот, велат прилепските мечкари.

Гости  од Македонија, Србија, Бугарија, Албанија

-         Претставуваме маска во село Јажиловци, шетаме по куѓите, ги благословуваме чорбаџиите, ни даваат пари,  велат учесниците –гости од Перник Бугарија.

- Овде сум шеста година со екипата од Лесковац. Слични сме во карневалот, а ги почитуваме разликите. Се чувствуваат шегата мајтапот, вели Миро         љуб Радивојевиќ, претседател на европската карневалска федерација за Србија.

Организаторите задоволни од учесниците и покрај дождот.

- Ги зачувуваме нашите стари обичаи кои се дел од нашето културно наследство, вели Снежана Ристеска, советник за култура во локалната самоуправа.

- Имаме нова маска која ја претставува миграцијата. Ако досега миграцијата беше село град, сега таа е обратно – од град- в село, вели Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“.

Политичарите  побараа проштевање. Не карневалско туку христијанско.

- Да си подадеме рака, да си простиме, вели Никола Димески, претседател на општинскиот совет.

На заедничка забава, прилепскиот карневал ќе ја прогласи најдобрата маска.