Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април

26.12.2018 10:41

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на дополнителни докази предложени од одбраната на обвинетите.

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за настаните од 27-ми април минатата година во Собранието на Република Македонија. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на дополнителни докази предложени од одбраната на обвинетите.

За случувањата во Собранието на 27-ми април 2017-та година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.