Израел изврши воздушен напад близу Дамаск

26.12.2018 11:27

ТВ каналот Ал Хадас објави дека ударите се нанесени од израелските ракети на воени објекти и магацини на шиитската милиција Хезболах и иранскиот корпус на гардистите на Исламската револуција...

Израелски воени авиони, користејќи го воздушниот простор на Либан, истрелаа ракети во близина на Дамаск. Тројца војници се повредени, соопштија сириските државни медиуми.

ТВ каналот Ал Хадас објави дека ударите се нанесени од израелските ракети на воени објекти и магацини на шиитската милиција Хезболах и иранскиот корпус на гардистите на Исламската револуција, кои војуваат на страната на сириската армија.