КОРЕЈСКИ ПОЛУОСТРОВ

Воз ги поврза двете Кореи

26.12.2018 12:16

Воз со 100 јужнокорејски претставници, политичари и пет луѓе родени во Северна Кореја, од Сеул допатува до севернокорејскиот пограничен град Каесонг, каде што им се придружи делегација од исто толку членови на Северна Кореја, претставници на Обединетите нации, Кина, Русија и Монголија.

Северна и Јужна Кореја организираа церемонија со која најавија проект за модернизација на железничкиот и патниот сообраќај меѓу двете земји.

Воз со 100 јужнокорејски претставници, политичари и пет луѓе родени во Северна Кореја, од Сеул допатува до севернокорејскиот пограничен град Каесонг, каде што им се придружи делегација од исто толку членови на Северна Кореја, претставници на Обединетите нации, Кина, Русија и Монголија.

САД ја поддржаа церемонијата, но градежните работи не почнуваат додека траат санкциите кон Пјонгјанг. Кои ја блокираат испораката на енергија, метал и други потребни ресурси.