Заев се надева на мнозинство за уставните измени

26.12.2018 13:09

Премиерот е оптимист дека на седницата на 9-ти јанаури за уставните измени ќе има двотретинско мнозинство или 80 пратеници...

Засега се сигурни 76 гласа од пратениците за уставните измени, вели премиерот Заев. Се надева дека ќе биде обезбедено двотретинското мнозинство.

„Потврдија 76 патеници со кои разговарав, но тоа не значи дека сите други одбиваат. Верувам дека и навистина може да се успее да се добие поддршка од 85 – 90, а дај боже и повеќе. Тоа е и целта и затоа имаме вака инклузивен процес“, изјави Заев.

Тој додаде дека следува доставување амандмани од страна на пратениците на уставните амандмани и веројатно ќе сакаат да дадат свој прилог внатре и согласно тоа кога ќе завршат тие постапки да ги стават своите ставови.

Шефот на владата очекува повеќе кандидати за претседател за да можат, како што рече, граѓаните да го изберат најдобриот кандидат и процесот да биде демократски.

Верувам дека 40 отсто цензус ќе се постигне во еден компетитивен наптревар меѓу повеќе кандидати, не само преку власта и опозицијата, левица и десница, или не знам како здружени или слични, да има избор за граѓаните, да може да го изберат најдоброто решение заради тоа што се работи за претседател на нашата држава, рече премиерот Заев.