Чавков не поднел барање за амнестија
Истече рокот за поднесување барање за помилување. Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, не поднел барање за амнестија, потврди неговиот адвокат Сашко Дуковски во изјава за медиумите...

Екс- директорот на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков не поднел барање за амнестија, потврди неговиот адвокат. Правдата ќе ја докажува пред судот.
Во законскиот рок, во Кривичениот суд пристигнале 62 барања за амнестија за собраниските настани. 27 се во одделението за организиран криминал и корупција и 35 во одделот кривично- полнолетни.
Од скопска единица информираат дека ќе бидат земени предвид и барањата кои во законски утврдениот рок ќе бидат дополнително доставени до судот по пошта. Тече рокот од 5 дена во кој судот и обвинителството треба да решат кој ќе биде амнестиран, а кој не.
