Здравство

Нов случај на заразено дете со морбили

26.12.2018 14:36

Од Институтот за јавно здравје предупредуваат дека 15 илјади деца, на возраст од 12 месеци до 14 години не се вакцинирани. Во последните 3 до 4 години сѐ помалку деца се вакцинираат, како резултат на интензивните антиимунизациски кампањи, тврдат лекарите...

Регистриран нов случај на дете заразено со морбили. Toa e во роднинска врска со едно од другите пет заболени во градинката во Радишани, чија состојба е подобрена. Од Институтот за јавно здравје, рекоа дека вкупно 15 илјади деца, на возраст од 12 месеци до 14 години не се вакцинирани, што создава поволни услови за ширење епидемија. Лекарите предупредуваат- едно до две деца од илјада ќе починат како последица на мали сипаници.

Лекарите предупредуваат дека во последните 3 до 4 години сѐ помалку деца се вакцинираат, како резултат на интензивните антиимунизациски кампањи.

Вакцините што се користат во Македонија се од реномирани производители и подлежат на највисока и најригорозна проверка на нивниот квалитет, уверуваат лекарите.

 

Александра Спировска