Видеоврска со припадниците на АРМ во мировните мисии
Армиските центри за транзиција ќе се пренаменат во Центри за поддршка на семејствата на мировниците, најави министерката за одбрана Шекеринска. На овој начин треба да се олесни периодот на службата. За празниците, организирана сателитска дружба на нашите војници од мисиите во Авганистан, Либан и Босна со нивните најблиски...

Претпоставените и семејствата преку видеоврска се видоа со осумдесетина македонски мировници во Авганистан, Либан и Босна и Херцеговина. Новогодишните празници повод за дружба преку сателит со најблиските.
Претпоставените задоволни од покажаното на македонските мировници. За најмалите од семејствата на припадниците на АРМ во мисиите, Дедо Мраз им подари новогодишни пакетчиња.
По празниците, дома ќе се врати контигентот од Авганистан. АРМ континуирано продолжува да учествува во мировните мисии. Од идната година со 25 проценти зголемен број на мировници и учество во нова мисија КФОР на Косово.
Додека нивните најблиски се во мировна мисија, семејствата ќе добиваат поддршка од центрите за транзиција.
Ирина Гелевска
