Туризам

За 10 месеци Македонија ја посетиле милион туристи

26.12.2018 15:35

Еден милион туристи ја посетиле земјава во првите десет месеци од годината. Девизниот прилив е зголемен за 17 проценти. Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот велат дека за идната година се планира вложување во гастрономскиот туризам, за што е изработен водич „Вкусовите на Македонија“...

Бројот на полските туристи во земјава годинава се зголемил за речиси за 50 проценти што е на исто ниво споредено со холандските туристи. Од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот посочуваат дека за наредната година на македонскиот туристички пазар се предвидуваат измени во начинот и тајмингот на субвенционирањето. Се предвидуваат и дополнителни туристички содржини и поттикнување на зимскиот туризам.

Според првиот човек на Агенцијата, за идната година се планира промоција на гастрономскиот туризам. Агенцијата ја промовира и брошурата „Македонија- неоткриено туристичко богатство“.

Агенцијата за наредната година планира и промоција на десет најкачувани врвови во Македонија, со цел да се привлечат љубителите на алтернативниот туризам.

Македонија во првите десет месеци од годинава ја посетиле над еден милион туристи. Според податоците, споредено со претходната година девизниот прилив се зголемил за 17 проценти.

 

Дијана Ценевска