Несекојдневна донација за битолските деца со посебни потреби
Наместо чоколади и бомбони, комплетна спортска опрема во новогодишните пакетчиња. Кошаркарот Нико Голубовиќ ги израдува малите битолчани со нетипичен развој. Родителите велат дека спортот им го променил животот на децата. Донацијата на македонскиот иселеник поддржана и од други фирми...

Спортските активности на децата со посебни потреби, како спортска терапија е нешто што недостасува во нивниот секојдневен живот, вели Розинка Петровска и самата мајка на дете со посебни потреби. Пред две години по наша иницијатива и хуманоподадената рака на кошаркарот Нико Голубовиќ, започнавме само со пет дечиња. Денес во нашето спортско друштво „Светла Иднина“ членуваат над дваесет деца кои два пати неделно ги изучуваат тајните на овој спорт. Петровска вели дека во салата се шири позитивна енергија, а промените кај децата се чувствуваат и по спортските активности.
„Секако дека има ефекти. Ефектот е дека самото трчање овде и напрегање, тие се сосема поинакви. Многу се посмирени и се подалеку од телевизорот и компјутерот. Едноставно друга е промената, нели животот е поинаку кога се има одредени активности“, вели Розинка Петровска, мајка на дете со посебни потреби.
„Предизвикот беше во големета желба да им се помогне на овие деца. Како тренер сум задоволен и можам да потврдам дека после две години работа има промени кај децата“, вели тренерот Нико Голубовиќ.
Активност која не остана незабележана од хуманите срца. Новогодишни пакетчина комплетна спортска опрема и реквизитИ, донација по иницијативата на иселеникот Тони Јошевски, а ја подржаа синдикалната организација на РЕК Битола и неколку малостопанственици.
„Идејата ни беше да им помогнеме на децата со посебни потреби, а воедно во иднина да ги потикниме сите фирми и компании кои можат да донираат да помагаат на оваа категорија на деца“, вели претседателот на синдикалната организација на РЕК Битола, Менде Фидановски.
Но, спортот не е единствениот ангажман на овие деца. Нивните родители велат дека од неодамна со дел од фолклорните играорци на едно од културно- уметничките друштва.
Стевче Митревски
