Леброн се повреди на Божиќ, Лејкерс победија
Во третиот период се повреди Леброн Џејмс, но неговите соиграчи ја задржаа предноста до крајот и се радуваа, најавувајќи возбудлива завршница на сезоната во Западната конференција.

Екипата од ЛА славеше на гостувањето кај шампионот Голден Стејт, со 101:127 во Божиќната програма во НБА лигата.
Во третиот период се повреди Леброн Џејмс, но неговите соиграчи ја задржаа предноста до крајот и се радуваа, најавувајќи возбудлива завршница на сезоната во Западната конференција.
Џејмс Харден го предводеше Хјустон до победа против Оклахома (113:109), со 41 постигнат поен.
Кајри Ирвинг постигна 40 поени во победата на Бостон против Филаделфија, со 121:114 по продолжението.
Јанис Адетокумбо имаше 30 поени во победата на Милвоки против Њујоркс, со 95:109.
Јута победи против Портланд со 119:96.
