Новини во законот

Се олеснува работењето на малите винари

27.12.2018 11:16

Се подготвуваат новини во законот за вино. Според ресорното министерство ќе се олесни производството на вино во малите семејни винарии. Со предлогот тие ќе можат полесно да се регистрираат и да продаваат директно од визбите.

Нови правила во винарството. Се подготвуваат измени на Законот за вино кои ќе го олеснатат работењето на мали винарии и на физичките лица производители на вино.  Ќе се овозможи развој и отворање на нови мали семејни винарии кои ќе може полесно да се регистрираат и произведеното на вино самите да го продаваат на пазарот.

Се предвидува и воведувањето на правила за производство и промет со органско вино и напитоци на база на вино, како што се ароматизирано вино, пијалак на база на вино и вински коктел.

Делот за класификација на вината, производство, означувањето и заштитата со географски назив во законот, ќе претрпи најголеми промени за негово целосно усогласување со Регулативите на Европската унија.

Министерството планира  до крајот на месец јануари 2019-та година, да ја  почне постапка за усвојување на предлог Законот, а неговата примена да ќе биде од април следната година.

 

Методија Трајков