Се изготвува првата стратегија во руралните општини
Многу е слаба комуникацијата и соработката на граѓанскиот сектор, месните заедници и локалните самоуправи во руралните општини во земјава. Две такви општини од различни региони, Кривогаштани и Богданци ја изготвуваат првата стратегија за соработка на засегнатите страни во руралните средини за да се подобри квалитетот на животот на населението...

Измените во законот за локална самоуправа, миграцијата на младите и одредената летаргија во руралните средини, направија речиси да ја нема соработката помеѓу граѓанскиот сектор, месните заедници и локалната самоуправа.
Кривогаштани од пелагонискиот, и Богданци од југоисточниот регион, ја градат првата стратегија за соработка во руралните средини во земјава, за подобрување на квалитетот на животот на локалното население.
Од преку 8.000 регистрирани невладини во земјава, само 200 се со одредена активност во руралните општини. Граѓанскиот сектор признава дека е крајно време да се активира меѓусебната соработка.
Оваа прва стратегија е во рамките на проектот „Руралните општини и жителите взаемно ја градат довербата во локалната заедница“, финансиран од Европската унија.
Елизабета Митреска
