ИРАК
Трамп: САД веќе не можат да бидат светски полицаец
27.12.2018 11:35
Во воено-воздухопловната база Ајн ал Асад, 160 километри западно од Багдад, каде што се распоредени американски војници, Трамп потенцираше дека е неправедно целиот товар да го носи само нивната земја.

„САД веќе не можат и понатаму да бидат светски полицаец“, изјави американскиот претседател Допналд Трамп на ненајавената посета на Ирак.
Во воено-воздухопловната база Ајн ал Асад, 160 километри западно од Багдад, каде што се распоредени американски војници, Трамп потенцираше дека е неправедно целиот товар да го носи само нивната земја.
Заедно со првата дама на САД, Меланија Трамп им се заблагодари на војниците за службата во Ирак.
