Градските автобуси со изменет возен ред за новогодишните и божикните празници
Од 3-ти јануари автобусите од јавниот превоз ќе возат по вообичаен, делничен возен ред, но, имајќи во предвид дека во меѓувреме ќе започне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред ќе биде редуциран. На 7-ми јануари автобусите ќе возат по неделен возен ред, соопшти ЈСП Скопје.

Автобусите од јавниот превоз во Скопје за новогодишните и божикните празници ќе сообраќаат по изменет возен ред. В понеделник на 31-ви декември автобусите од јавниот превоз ќе сообраќат по вообичаен делничен возен ред, а во вторник и среда на 1-ви и 2-ри јануари по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје.
Од 3-ти јануари автобусите од јавниот превоз ќе возат по вообичаен, делничен возен ред, но, имајќи во предвид дека во меѓувреме ќе започне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред ќе биде редуциран. На 7-ми јануари автобусите ќе возат по неделен возен ред, соопшти ЈСП Скопје.
Ноќните линии на 31-ви декември (понеделник кон вторник) и 1-ви јануари (вторник кон среда), ќе работат по возен ред како во сабота према недела.
Жичницата на Водно нема да работи на 31-ви декември, со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот, се врши редовен сервис на објектот, а на 1-ви јануари ќе почне со работа од 11 часот.
