Одбрана

Нови 130 професионални војници во редовите на АРМ

27.12.2018 12:31

130 професионални војници беа примени на служба во АРМ. Тие се трет дел од вкупно 375-те припадници, со кои Армијата се подмлади и засили годинава. Пополнување на составот на АРМ ќе продолжи и наредната година...

130 професионални војници станаа дел од Армијата на Република Македонија. Тие се третата група од вкупно 375- те војници што оваа година го зајакнаа и подмладија армискиот состав. Војничката професија станува атрактивна. Новопримените припадници на АРМ се од разно етничко потекло, и 48 се жени.

На приемот на професионалните војници, министерката за одбрана Шекеринска, порача со зголемените плати и набавките на нова опрема и униформи, АРМ гордо ќе влезе во НАТО идната година. Воениот буџет во 2019-та е зголемен за 33 проценти, а по членството, ќе се исполни и критериумот на алијансата за 2 процента од БДП.

И идната година ќе продолжи приемот на нови професионални војници во составот на АРМ.

 

Ирина Гелевска