Кривичен суд: Нема ниту една одлука околу мерките за „Империја“

27.12.2018 13:06

Кривичниот суд- Скопје соопшти дека досега не е донесена ниту една одлука за евентуално укинување или преиначување на претходно определените мерки во случајот „Империја“ на СЈО...

Кривичниот суд- Скопје соопшти дека досега не е донесена ниту една одлука за евентуално укинување или преиначување на претходно определените мерки во случајот „Империја“ на СЈО, во кој меѓу обвинетите се Орце Камчев, Сашо Мијалков и Цветан Панделевски за кои, според пишувањата во медиумите, од страна на СЈО, е побарано мерката притвор да се замени со куќен притвор. Од СЈО засега нема потврда на оваа вест.

Камчев има поднесено жалба и до Апелацискиот суд од каде за МИА потврдија дека во текот на денешниот или утрешниот ден ќе се одржи јавна седница. Тој понуди и гаранција од околу 14 милиони евра.