ЈОРМ

Поднесено обвиниени против седум лица за учество во странска војска и паравоени формации

27.12.2018 13:16

Тие беа опфатени во истражните постапки „Ќелија 1 и 2“ и по нив беа распишани национални и меѓународни потерници, а во август ѝ беа предадени на земјава.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против седуммина македонски државјани. Се товарат за учество во странска војска, во паравоени или параполициски формации, а еден од нив за терористичка организација.

Тие беа опфатени во истражните постапки „Ќелија 1 и 2“ и по нив беа распишани национални и меѓународни потерници, а во август ѝ беа предадени на земјава.

Обвинетите се бореле во Сирија и во Ирак како припадници на Исламска држава, а исто така, собирале и финансиски средства за џихадистите. Во моментов се наоѓаат во притвор.