СДСМ: Ќе се гради трамвајска линија во Скопје
Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ со своите погубни и криминални политики ги загрози зеленилото и животната средина и свесно го игнорираше проблемот со аерозагадувањето.

СДСМ соопшти дека почнуваат со подготовки за изградба на трамвајска линија во Скопје, се инвестира во гасификација, се решава проблемот со загадувањето.
Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ со своите погубни и криминални политики ги загрози зеленилото и животната средина и свесно го игнорираше проблемот со аерозагадувањето. Дополнително, преку укинувањето на евтината тарифа на струјата и поскапувањето за 100 насто на електричната енергија ВМРО-ДПМНЕ принуди илјадници домаќинства да преминат на нееколошки начини на загревање.
Наспроти таквите неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ, денеска, Владата предводена од СДСМ, градот Скопје и надлежните институции вложуваат максимални напори во решавање на проблемот со загадувањето- се вели во соопштението на Социјал демократите.
