ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се неспособни да го решат проблемот со аерозагадувањето

27.12.2018 13:29

Според ВМРО-ДПМНЕ, како резултат на несериозноста на СДСМ, Република Македонија стана најзагадена држава во Европа, а не поминува ден Скопје да не е во десетте најзагадени градови во светот. Велат, впрочем како што лажеа во кампањата сега се обидуваат со безочни лаги да се правдаат за својата неспособност.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ покажаа и докажаа дека се неспособни да го решат проблемот со загадениот воздух. Ветуваа итни мерки за почист воздух, а речиси две години ништо конкретно немаат спроведено.

Според ВМРО-ДПМНЕ, како резултат на несериозноста на СДСМ, Република Македонија стана најзагадена држава во Европа, а не поминува ден Скопје да не е во десетте најзагадени градови во светот. Велат, впрочем како што лажеа во кампањата сега се обидуваат со безочни лаги да се правдаат за својата неспособност.

Со евтини лаги дека во времето кога Христијан Мицкоски ја извршувал функцијата директор на ЕЛЕМ поскапела цената на струјата за 100 насто, а вистинската причина за поскапената струја во државата треба да ја бараат во „бомбона бизнисот“, на Шекеринска кој го направи во 2005 година- се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.